Наполи потврди дека искусниот дефанзивец Раул Албиол го напуштил „Сан Паоло“ и се вратил во татковината каде што ќе го носи дресот на Виљареал.
Во официјалната објава на страната Наполитанците му се заблагодаруваат на Албиол за посветеноста и професионализмот со кој го носел синиот дрес во текот на шестгодишната авантура. Според одредени медиумите во Италија, Виљареал го откупил неговиот дрес за пет милиони евра.
Welcome, @R_Albiol ?!
? The Valencian defender signs for #Villarreal for the next three seasons.https://t.co/mTF7kklM72
— Villarreal CF English (@Eng_Villarreal) July 4, 2019
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Искусниот Шпанец запиша повеќе од 200 настапи од доаѓањето од Реал Мадрид во 2013 година, го освои Купот и Суперкупот на Италија. Минатата сезона настапи само поради повреда на коленото настапи само на 19 натпревари во Серија А.
На „Сан Паоло“ поради тоа одлучија на негово место да го доведат Костас Манолас од Рома.