Tимот на Вест Хем потврди дека Даклан Рајс заминува за рекорден износ, иако не ја откри висината на трансферот.
Претходно беше најавувано дека Арсенал за 24-годишниот играч за врска ќе плати 122 милиони евра, а со бонуси трансферот би можел да достигне сума од 140 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рајс така станува најскапиот англиски играч, рушејќи го рекордот на Џек Грилиш при трансферот од Астон Вила во Манчестер Сити.
„Жалиме што Даклан не напушта, но горди сме на улогата која ја одигра. Од нашата академија сега стана најскапиот англиски фудбалер. Сакаме да им порачаме на навивачите дека клубот не сакаше да го продаде Рајс. Наша желба беше да изградиме тим околу него, му понудивме и подобри услови, но тој сакаше нов предизвик и не сакавме да му стоиме на патот“, изјави сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливен.
Рајс во дресот на Вест Хем одигра 245 натпревари, а дебитираше во 2017-та година.
Thank you for the memories, Dec. ❤️ pic.twitter.com/yknfIMLcHj
— West Ham United (@WestHam) July 15, 2023