ФФМ денес само го потврди она што се најавуваше подолго време – Вардар и втора година остана без лиценца за настап во Европа.
На својот сајт ФФМ денес ги објави клубовите кои добиваат и оние кои не добиваат лиценца, Вардар беше во вториот дел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Академија Пандев АД – Струмица
2. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3. ФК Работнички АД – Скопје
4. ФК Ренова АД – с.Џепчиште
5. ФК Силекс АД – Кратово
6. ФК Шкендија АД – Тетово
7. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Брегалница 2008 АД – Штип
2. ФК Борец 1919 АД – Велес
3. ФК Вардар АД – Скопје
4. ФК Струга ТримЛум АД – Струга