Дома Македонски спорт Мак ракомет Oпштина Аеродром ќе му помогне на РК Вардар со 1.2 милион денари!

Oпштина Аеродром ќе му помогне на РК Вардар со 1.2 милион денари!

Општина Аеродром ќе издвои 1.2 милион денари како помош за РК Вардар, соопшти првиот човек на општината Тимчо Муцунски.

Сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски летово на прес-конференција пред новинарите отворено зборуваше дека му е потребна помош во финансирањето на клубот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Вардар поради финансиската ситуација остана без настап во Лигата на шампионите и тоа го стави клубот во потешка ситуација затоа што останаа без странските засилувања кои не секаа да дојдат без настап во европските натпреварувања.

„Помош за РК Вардар кога е најпотребно! Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион“, стои во соопштението на Муцунски.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…