Жалбата на Јувентус за враќање на титулите во Серија А од сезоната 2005/2006 и официјално е одбиена.
Италијанскиот државен совет отфрли уште еден обид на „Старата дама“ да ја оспорат одлуката со која на тимот му се одзема титулата во 2006 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јувентус испрати жалба во која беа обвинети Италијанската фудбалска федерација, Интер и Италијанскиот олимписки комитет. Судот одлучи дека истата е неоснована и титулата на крајот му беше доделена на Интер.
Сезоната 2005/2006 Јувентус ја заврши со рекорден 91 бод во првенството, меѓутоа поради учество во корупциски скандал во италијанскиот фудбал познат како „Калчополи“ беше дисквалификвуан и му беше одземена титулата.