Кога ќе помислиме дека во фудбалот повеќе ништо не може да не изненади, се случува нешто неверојатно.
Ирскиот нисколигаш Балибрак игра во седмиот ранг во оваа земја, а нивниот натпревар против ривалот Аркловом беше одложен поради наводната смрт на нивниот играч Фернандо Нуно Ла Фуенте.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
И додека Сојузот и клубовите по ред изразуваа сочуство кон клубот и семејството на играчот преку друштвените мрежи дојде до пресврт. Ла Фуенте бил жив, неговата смрт била лажирана очигледно за натпреварот да биде одложен.
„Лигата сака да дознае како информацијата за смртта на Фернандо Нуно Ла Фуенте излезе во јавноста непотврдена. Лигата постапи со добра намера, мило ни е што слушаме дека Ла Фуенте жив и здрав, а сега се наоѓа во Шпанија. Лигата ќе соработува со сите релевантни агенции во истражувањето на овој случај“
The Leinster Senior League have confirmed that Ballybrack FC player Fernando Nuno La Fuente is not dead. A rep for the club informed the LSL he had died in a car accident last week. La Fuente is alive & well, story about his death was an apparent effort to get a game postponed pic.twitter.com/bEGnfs8bE8
— Darren Cleary (@RadioCleary) November 27, 2018