Дома Фудбал Ова се можните противници на Вардар, Работнички и Силекс во квалификациите за Конференциската лига

Ова се можните противници на Вардар, Работнички и Силекс во квалификациите за Конференциската лига

Денеска од 16 часот, во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло од Конференциската лига, каде што своите противници ќе ги дознаат и трите македонски претставници – Вардар, Силекс и Работнички.

Како што е веќе вообичаено, УЕФА пред ждрепката ги стесни можностите и ги групираше тимовите според рангирањето. Сите три македонски клубови ќе влезат во ждрепката како неносители, што значи дека ќе имаат потенцијално потешки противници.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Вардар се најде во групата број 3, а можно е да се соочи со некој од следниве тимови: Дуделанж (Луксембург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора) или Ла Фиорита (Сан Марино).

Силекс е дел од група 2, каде како потенцијални ривали се издвојуваат: Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урату (Ерменија).

Работнички, пак, ќе го чека исходот од ждрепката во група 6, каде можни противници се: Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо-Белаз (Белорусија) и Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина).

Првите мечеви од оваа рунда се закажани за 10 јули, додека реваншите ќе се играат една недела подоцна, на 17 јули.

Фото: УЕФА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради депресијата сакаше да се повлече, сега на 37 години пронајде нов клуб

Јосип Иличиќ, офанзивец од Словенија со 37 години и еден од најистакнатите словенечки фудб…