Дома Фудбал Ова се деталите: Арнолд ги договори условите за соработка со Реал Мадрид

Ова се деталите: Арнолд ги договори условите за соработка со Реал Мадрид

Фудбалерот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд ги договори условите за соработка со Реал Мадрид и ќе го засили шпанскиот клуб летово како слободен играч, дознава „Скај Спортс“.

Медиумите долго време шпекулираа каде ќе ја продолжи кариерата десниот бек.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот актуелен договор со Ливерпул истекува на лето, а од јануари има право да договори и потпише договор со кој било друг тим.

Според информациите на „Скај Спортс“, Александер-Арнолд ќе потпише петгодишен договор со Реал.

Англичанецот во Мадрид ќе заработува 15 милиони евра годишно, со значителни бонуси додатно. За споредба, овој 26-годишник во Ливерпул инкасира околу 11 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…