Одбранбениот играч на лондонскиот Арсенал, Вилијам Салиба, не можеше да учествува во изведување на пенали во вчерашниот меч од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.
Имено, според правилата на ФА Купот, двата тима мора да имаат еднаков број на изведувачи на пенали за време на изведувањето, а бидејќи Диого Далот доби црвен картон, Ѓаволите го доиграа мечот со десетмина, па Топџиите мораа да изберат еден играч кој нема да учествува во изведувањето на пеналите.
Изборот падна на францускиот репрезентативец, иако можеа да изберат било кој од фудбалерите што останаа на теренот, вклучувајќи го и голманот Давид Раија.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Шпанецот е прилично умешен во играта со ногата, што е потребно во современиот фудбал па затоа беше заклучено дека е подобра опција од Салиба за изведување на пенали.
Инаку, Јунајтед се пласираше понатаму по успешно изведување на пеналите, а единствениот што промаши беше Каи Хаверц.