Дома Фудбал Ова никој не го очекуваше, Рашфорд е број 1 во Европа

Ова никој не го очекуваше, Рашфорд е број 1 во Европа

Маркус Рашфорд на најдобар можен начин ја искористи повредата на Рафинја и во последните недели ги оправда очекувањата на каталонската јавност, што го потврдуваат и бројките.

Англичанецот е најефикасниот играч во тимот на Ханси Флик, со шест голови и девет асистенции. Истовремено, Рашфорд е и најдобриот асистент во „лиги на петте“ со седум асистенции во Ла Лига. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Премиер лигата, најдобрите со по три асистенции се – Антоан Семењо, Жоао Педро и Бруно Фернандеш. Во Бундеслигата, најдобрите асистенти се Луис Диаз, Узун од Ајнтрахт и Ромуло Кардзо од РБ Лајпциг, колку што имаат и Нико Паз и Франко Димарко во Серија А. Најблиску до Рашфорд со две асистенции помалку е Реалов Арда Гулер, кој има пет. На крајот, во Лига 1, по четири асистенции имаат Кебал од Париз и Кореа од Лил.

Вистина е дека овој параметар нема да биде клучен во одлуката на Барселона да го откупи Рашфорд, бидејќи Ханси Флик од него очекува уште поголема ангажираност во пресингот и дефанзивната игра, во која токму синоќа во Виго беше подобар од досега. 

Но, јасно е дека во Барселона немаат причина да не го откупат Рашфорд за само 30.000.000 евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го врати својот бисер од Серија “А”

Нико Пас, по одличните настапи со дресот на Комо, се подготвува за враќање во Мадрид, биде…