Дома Останати Кошарка Ова не изгледаше добро: Францускиот ѕвер падна на паркетот, го чека долга пауза? (Видео)

Ова не изгледаше добро: Францускиот ѕвер падна на паркетот, го чека долга пауза? (Видео)

Виктор Вембањама повторно е во центарот на вниманието. Сепак, овој пат причината не се добри вести.

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс забележаа важна победа против Филаделфија 76ерс со резултат 115:102, но натпреварот го обележа повредата на Виктор Вембањама.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Францускиот кошаркар мораше порано да го заврши натпреварот откако доби контузија на левото ребро уште во првото полувреме.

Незгодата се случи на почетокот на втората четвртина, кога се судри во отворен простор со крилниот играч на Сиксерс, Пол Џорџ.

После тој дуел, Вембанама тешко стана и веднаш се упати кон соблекувалната, држејќи се за левата страна од телото.

Сепак, наскоро се врати на клупата, а потоа и на паркетот, каде што неколку минути имаше интересен дуел со центарот на Филаделфија, Џоел Ембид.

И покрај враќањето, беше видливо дека не игра на својот препознатлив ниво, со очигледни гримаси и непријатност за време на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Му се „смешка“ МВП-трофејот: Никола Јокиќ постигна брутален трипл-дабл (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија спектакуларна победа против Портланд Трејл Блејзерс…