Сплитскиот Хајдук станува специфичен клуб во фудбалска Европа затоа што наскоро ќе има клучен аспект кој го немаат останатите европски клубови, дури ни најголемите на Стариот континент.
Имено, ХНК Хајдук Сплит и Хрватски Телеком започнаа уникатен проект во Хрватска, телевизискиот канал HDTV (Hajduk Digital TV).
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Се работи за клупски канал, а посебен ќе биде по тоа што ќе биде првиот клупски канал во Европа кој ќе пренесува натпревари во живо.
Каналот HDTV е првенствено посветен на Хајдук, достапен е од денес на MAXtv на програмата 411 и ќе пренесува паралелно со MAXSport сите натпревари на Хајдук, прволигашките натпревари на ХНЛ, натпревари од домашниот куп како и европските натпревари.
Многу европски клубови имаат свои ТВ канали, но на нив најчесто се наоѓаат снимки од првенствени натпревари или оние најинтересните поврзани со клубовите.
На клупските канали преовладуваат интервјуа, емисии поврзани со клубот, но Хајдук сега оди чекор понатаму во целата ситуација.
Натпреварите на првиот тим на Хајдук ќе ги коментираат Игор Ќурковиќ и Тино Вела кои уживаат големо почитување меѓу навивачите на Хајдук.
Сите се надеваат дека овој проект значително ќе придонесе и за дополнителен развој на хрватскиот клупски фудбал во наредниот период.