
На адреса на Барселона пристигна понуда која би можела да го разниша европскиот фудбалски пазар и да отвори едно од најголемите прашања ова лето.
Саудискиот Ал Хилал е подготвен да одвои дури 100 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Рафинја.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона е запознаена со сериозноста на намерите на клубот од Ријад, кој повторно одлучил да тргне по офанзивецот откако веќе претходно покажал интерес. Овој пат, сумата на масата е тешко да се игнорира.
Понудата на Ал Хилал е структуирана така што вклучува 80 милиони евра фиксно, додека дополнителни 20 милиони би се исплатиле преку бонуси и варијабли. Вкупната сума од 100 милиони евра претставува една од најголемите понуди за играч на Барселона во последните неколку години.
Со овој потег, саудискиот клуб сака да ја пополни празнината што настана со заминувањето на Нејмар и дополнително да го зајакне својот проект, чија цел е целосна доминација на азискиот континент. Ал Хилал не ги крие амбициите да стане глобален фудбалски бренд.
Тренерот Симоне Инѕаги даде зелено светло за реализација на трансферот, сметајќи дека Рафинја совршено ќе одговара на неговата визија за игра. Бразилецот се гледа како нова централна фигура на тимот и лидер на теренот и надвор од него.