Дома Фудбал Ова е најдобриот гол од почетокот на сезоната – го лобуваше голманот на Партизан од 30 метри!

Ова е најдобриот гол од почетокот на сезоната – го лобуваше голманот на Партизан од 30 метри!

Партизан на свој терен претрпе пораз од 2:0 против шкотскиот Хиберниан во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига, а од 34-та минута играа со играч помалку. Со речиси никакви шанси за продолжување, отпатуваа за Единбург, но успеаја да изборија продолженија. Сепак, и покрај победата на Партизан од 3:2, Хиберниан се пласираше понатаму со вкупен резултат од 4:3.

Тимот од Белград одлично го започна двобојот и до полувремето израмни во вкупниот резултат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан Вукотиќ постигна гол за 0:1 во 17-та минута, а Јован Милошевиќ го зголеми водството на гостите на 0:2 во 34-та минута. По само петнаесетина минути игра во второто полувреме, дојде до пресврт за домаќините.

Киерон Бауи го намали резултатот на 1:2 во 59-та минута со генијален лоб удар од околу триесет метри, со што Хиберниан повторно ја презеде водечката позиција во вкупниот резултат. Видеото од голот може да го погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…