Дома Фудбал Ова е момчето кое има „најсилни“ понуди во светот на фудбалот: Го бараат Баерн, Барса, Ливерпул и Реал

Ова е момчето кое има „најсилни“ понуди во светот на фудбалот: Го бараат Баерн, Барса, Ливерпул и Реал

Сјајниот дефанзивец на англискиот Кристал Палас, 25-годишниот Марк Геи, има понуди од најголемите клубови во светот и навистина ќе има тежок избор за нов тим.

Феноменалниот стопер Марк Геи минатото лето беше многу блиску до трансфер во Ливерпул. Помина лекарски прегледи на Енфилд, но трансферот пропадна во последниот момент.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Геи остана дел од Кристал Палас, каде што веќе неколку години игра одлично, а доказ за каков дефанзивец станува збор се и понудите кои ги има на маса.

25-годишникот го сакаат веројатно најдобрите тимови во светот во овој момент. Покрај Ливерпул, кој повторно се обидува да го доведе, има понуди од Баерн, Барселона и Реал Мадрид.

Баерн веќе одржа два состанока со менаџерите на англискиот фудбалер. Сепак, се чека одлуката на Дајот Упамекано и ако Французинот реши да замине, Баварците ќе тргнат со сите средства по Геи.

Реал Мадрид, исто така, е сериозно заинтересиран за услугите на овој стопер. На Кралевите дефанзивата им е најголем проблем и веруваат дека Англичанецот е решението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…