Дома Фудбал Ова е лудост до крајни граници: Барселона одбила 400 милиони евра!

Ова е лудост до крајни граници: Барселона одбила 400 милиони евра!

Ал-Хилал од Саудиска Арабија понуди 400 милиони евра како отштета за Ламин Јамал (18), но Барселона одлучи да не го продаде овој млад суперталент, објави шпанскиот портал Фичахес.

Барселона ја привлече и одби најголемата понуда во историјата на фудбалот, затоа што, како што тврдат, Јамал го гледаат како симбол на клубот во следните најмалку десет години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јамал во пролетта потпиша договор до 2031 година, со годишна плата од околу 10 милиони евра и бонус за потпишување договор од 25 милиони, кои ќе се исплатат во рок од шест години.

Шпанските медиуми додаваат дека понудата на Ал-Хилал дошла во момент кога Барселона се соочува со предизвици, по два последователни порази – од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Севиља во Ла Лига.

Тренерот Ханси Флик наводно ги критикувал играчите за недостатокот на вложен труд на тренинзите и натпреварите, додека некои играчи, вклучувајќи го и Јамал, изразиле незадоволство поради слабата комуникација.

Јамал моментално се бори со воспаление на препоните, што го тргна од тимот за последниот натпревар на Ла Лига, како и од шпанската репрезентација која игра квалификации против Грузија и Бугарија.

Неговото учество во саботниот каталонски дерби против Жирона, исто така, е прашање, како и во Ел Класико одреден за 26-ти октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона во специјални дресови игра против Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона ќе носат специјални дресови со логото на новиот албум на британск…