Дома Фудбал Ова би била една од најголемите трансфер бомби: Мурињо носи светска класа во нападот на Бенфика?

Ова би била една од најголемите трансфер бомби: Мурињо носи светска класа во нападот на Бенфика?

Пред четири дена Хосе Мурињо го презеде кормилото на Бенфика, враќајќи се во клубот по 25 години!

Португалецот на своето претставување веднаш јасно нагласи дека дојде со цел да освојува титули со овој клуб.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тука ја започна тренерската кариера на големиот “Специјален”, кој во својата кариера освоил речиси секој клубски трофеј можен.

Имено, според пишувањата на португалските медиуми, Лисабон би можел да стане нова дестинација и град каде што живее Карим Бензема!

Мурињо сака повторно да соработува со францускиот напаѓач, кој влегува во последната година од договорот со Ал Итихад во Саудиска Арабија.

Тие двајцата имаа извонредно успешна соработка во Реал Мадрид кога освоија трофеј во Лигата на шампионите и трофеј на Кралскиот куп во Шпанија.

Францускиот напаѓач под водство на Мурињо постигна 78 голови во 150 одиграни натпревари!

Исто така, не е тајна дека се во одлични односи и дека овој потпис би дошол токму поради доаѓањето на Мурињо на кормилото на Бенфика.

Бензема повеќепати јавно говорел за тоа колку Мурињо му помогнал во развојот на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аjтана Бонмати триумфира со „Златната топка“ трета година по ред

Ѕвездата на Барселона Ајтана Бонмати ја освои „Златната топка“ кај жените трета година по …