
Англискиот офанзивец Џуд Белингам (22) неодамна беше забележан како изведува необична вежба на тренинзите, а мистеријата зад таа вирална фотографија конечно е разрешена.
Фотографија од тренинг-сесијата на Реал Мадрид, која го прикажува Белингам како навидум лебди во воздухот, стана вирална минатата недела. Белингам дури доби и прекар во англиските медиуми – „летечкиот човек”.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На сликата, Белингам изведува невообичаена вежба со виолетова еластична лента околу копачките, додека во рацете држи гирја (руско ѕвоно) со тежина од околу 14 килограми.
Revealed: The training secrets behind Jude Bellingham’s remarkable ‘flying man sumo squat’ kettlebell exercise https://t.co/MYiCBbRQoI
— Daily Mail Sport (@MailSport) October 20, 2025
Оваа појава го привлече вниманието на иновативните методи на тренинг кои ѕвездите на Реал ги применуваат во тренинг-кампот Валдабебас, а порталот The Athletic објаснува дека станува збор за уникатен вид чучањ.
Наведоа дека гумената лента примена на стопалата помага во изведување на еластична мускулна контракција при скокот, што е поттик за плиометријска контракција, клучна за развој на мускулната сила.