
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, на конференција за медиуми по победата над Корентан Муте зборуваше за својот пријател, кум и соработник, Милијан Амановиќ, кој не е дел од неговиот тим на Ролан Гарос, бидејќи моментално е на болничко лекување. Пошироката тениска јавност така дозна дека Амановиќ има здравствени проблеми, што ги загрижи многуте навивачи на Ѓоковиќ.
Милијан и пред неколку години имаше сериозни здравствени проблеми и четири пати го reanimираа докторите, но овој пат причината за одење во болница е различна. Новак во Париз рече дека неговиот кум е во стабилна состојба, а изгледа дека Милијан наскоро ќе добие дозвола да замине од болница.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
„Амановиќ пред неколку недели имаше операција на синуси, а сега настанаа компликации. Конкретно, дојде до крварење од носот кое не можеше да се запре со вообичаените процедури, па мораше да се лекува во болница. Среќа, наскоро треба да биде пуштен од болницата”, напиша новинарот Саша Озмо на социјалната мрежа “X”.
Фото: Принтскрин