Дома Фудбал Откриено што му кажал Слот на судијата пред да добие црвен картон

Откриено што му кажал Слот на судијата пред да добие црвен картон

Нови информации се појавија за тоа што му рече Арне Слот на судијата Оливер пред, но и по неговото исклучување по дербито меѓу Ливерпул и Евертон.

Ливерпул имаше три бода, но Тарковски длабоко во судиското продолжение постигна гол и донесе бод за својата екипа во големото дерби.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По долготрајната проверка во собата за ВАР голот беше признаен, но тоа не им се допадна ниту на играчите, ниту на тренерот на Ливерпул.

Слот ги покажа сите свои фрустрации на судијата Мајкл Оливер веднаш по натпреварот, а пред сè одлучи саркастично и многу агресивно да се поздрави со него.

Читач на усни откри што му кажал Слот на Оливер. Иако сè уште се чекаат официјални информации за тоа што му рече тренерот на Ливерпул на главниот судија на вчерашниот натпревар, професионалниот читач на усни Џереми Фриман тврди дека знае што се случило.

Тоа не беше туркање? Ова е е***о с**ње”, прво викаше кон еден од помошниците, а на другиот му рече: „Одлично завршено”.

Потоа ракуваше агресивно со Оливер и му рече саркастично: „Прекрасен натпревар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Верати пред потпис за италијанскиот великан – останаа само детали!

Марко Верати е блиску до враќање во Италија! Италијанскиот играч за врска, поранешен долго…