
Килијан Мбапе е тој кој последен се смееше во дуелот на двете ѕвезди на Реал Мадрид во Лигата на нациите. Франција ја елиминираше Хрватска на пенали, па Модриќ остана без можноста да освои златен медал со националниот тим на едно натпреварување.
Ако на светските првенства како во Русија или Катар среќата ги поддржува Хрватите при пеналите, тоа не им се случи во Лигата на нациите каде што испаднаа на болен начин.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Откако изгубија финалето од Шпанија со ударите од белата точка, тие беа елиминирани од Франција, па на крајот Хрватите останаа без учество на завршниот турнир на натпреварувањето.
Модриќ и Мбапе учествуваа во двата натпревари. Хрватот придонесе за поразот во Париз со нетипичните грешки, додека Французинот не постигна гол во играта, но беше прецизен при изведбата на пеналите.
„Дефенса Сентрал“ ја објави веста што навистина му рекол Модриќ на својот клупски соиграч откако Франција продолжи понатаму на пенали.
„Не е фер кога еден тим губи на пенали, но некој мора да победи и вие бевте попрецизни од нас“, му рекол Модриќ на Мбапе според извештаите на шпанските медиуми.