
Два натпревара, два пораза и шеснаесеттото место во Премиер лигата. Кратко кажано, тоа е ситуацијата за хрватскиот тренер Игор Тудор, кој пред десетина дена го презеде Тотенхем. Прво загуби од Арсенал, а потоа и од Фулам. Екипата на Тудор е десеткувана со повреди, но изговорите и оправдувањата не се тоа што навивачите сега сакаат да го слушнат.
Тотенхем е само четири бодови оддалечен од 18-то место, кое води во Втората лига, односно Чемпионшип. Испаѓањето би значело и казна за играчите, кои во своите договори имаат клаузула за намалување на плата. Според информациите на Давид Орнштајн, на повеќето играчи на Тотенхем платите ќе им бидат преполовени ако испаднат во Втората лига. Водството на клубот Даниел Леви инсистирал на ова за да се заштити од финансиски крах.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Ситуацијата е сложена, имаме многу проблеми и не можам да ви кажам ништо ново. Баш ништо. Мораме да го пронајдеме гласот во нас, им реков на играчите дека секогаш е прашање што ќе направиш ти, што сакаш да постигнеш со себе. Ни треба повеќе личност, повеќе желба да делуваме наместо да реагираме“, рече Тудор.