
Според пишувањата на шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за евентуалното приклучување во Реал Мадрид. И тоа, не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузули. Прашањето е – тренерот.
Наводно, Халанд би бил подготвен да го разгледа преминот на Santiago Bernabéu само под еден услов: ако клубот го именува Јирген Клоп за нов тренер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Пораката, според нивните извори, е јасна. „Ќе дојдам, но само ако тој го води проектот.“
Халанд смета дека под водството на Клоп би можел да игра во систем кој најмногу му одговара, а тоа е агресивен пресинг, брза транзиција и директен фудбал. Стил што веќе го направи еден од најсмртоносните напаѓачи на денешницата во дресот на Манчестер Сити.