Дома Фудбал Откажан квалификациски меч за СП: Играчите одбија да се качат на авион

Откажан квалификациски меч за СП: Играчите одбија да се качат на авион

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Малави и Екваторска Гвинеја е откажан во последен момент, откако гостинскиот тим наводно не успеал да стигне на време поради спор со сопствениот фудбалски сојуз. Натпреварот требаше да се одржи во четврток навечер на Националниот стадион Бинг во Лилонгве, главниот град на Малави, пишува британски „Сан“.

Само неколку часа пред почетокот, Фудбалската федерација на Малави (ФАМ) објави дека натпреварот е откажан поради „непредвидени патни компликации“ кои го погодиле гостинскиот тим. Нивната изјава гласи:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Фудбалската федерација на Малави (ФАМ) сака да ја извести јавноста дека квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА помеѓу Малави и Екваторска Гвинеја, кој беше закажан за денеска во 18:00 на Националниот стадион Бинг, нема да се одржи поради непредвидени патни компликации кои влијаат врз гостинскиот тим.

ФИФА официјално го откажа натпреварот. ФАМ ќе обезбеди дополнителни информации за статусот на билетите кои беа купени однапред во догледно време. Искрено жалиме за сите непријатности кои оваа ситуација може да ги предизвика.”

Африканскиот спортски новинар Мики Џнр тврди дека вистинската причина за откажувањето е напнатоста помеѓу играчите на Екваторска Гвинеја и нивниот сојуз околу планот за патување. Според неговите информации, играчите биле информирани дека ќе летаат за Малави наутро, а потоа патувањето им било поместено за попладне.

Тоа би значело дека би пристигнале на дестинацијата непосредно пред натпреварот и би требало директно од аеродромот да одат на стадион. По состанок, играчите наводно решиле да го одбијат патувањето под такви услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус доби ултиматум од Реал: “Ако не прифати, заминува со рекорден трансфер”

Винисиус Јуниор одби неколку понуди од Реал Мадрид за продолжување на соработката. Шпанцит…