Виктор Вембањама постигна 40 поени, имаше 20 скока и седум асистенции, а Сан Антонио Спарс го победи Њујорк Никс по продолжение. Натпреварот заврши 130:126. Неверојатниот француски дебитант во НБА, 20-годишниот висок 224 сантиметри, стана првиот дебитант по 1993 година и Шекил О’Нил кој го завршил натпреварот со најмалку 40 поени и најмалку 20 скока. Легендарниот центар, тогаш член на Орландо …