Григор Димитров приреди големо изненадување на турнирот во Мајами откако во два сета успеа да го победи Карлос Алкараз и така обезбеди место во полуфиналето.
Алкараз бидејќи Ѓоковиќ не учествуваше беше прв носител на турнирот, меѓутоа против Димитров изгледаше немоќно. Бугарскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Димитров до победата дојде во два сета, првиот го доби со 6:2, а во вториот исто така направи два брејка, меѓутоа и загуби еден на свој сервис (6:4).
Противник на Димитров во полуфиналето ќе му биде Александар Зверев кој претходно со 2:0 беше подобар од Марошан (6:3, 7:5).