Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу нив немало никаков конфликт и едноставно дошло време за разделба.

Во Белград српскиот тенисер присуствуваше на филмот за неговиот тениски татко Никола Пилиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Горан е пред се доживотен пријател, мој и на моето семејство, ми е исклучително драг и тоа што ја прекинавме соработката не значи дека ќе престанеме да се дружиме, напротив. Разделбата беше позитивна. колку што може“, изјави Ѓоковиќ.

„Едноставно, дојде до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка, каде што испишувавме страници од тениската историјата, освоивме голем број Грен слемови и завршивме неколку години на првата позиција. Поминавме и низ лоши моменти, преку депортација, дисквалификации… Многу моменти кои не се воопшто пријатни ниту за него како мој тренер, ниту за мене, и покрај се тој секогаш беше тука за мене.

Најави Ѓоковиќ и дека можеби нема да има нов тренер.

„Поради таквиот однос и таквата хемија, самиот резултат дојде како последица, нуспојава од сето тоа. Му посакувам се најдобро во кариерата. Што се однесува до следната фаза и поглавје во контекст на тренерот сеуште немам јасна претстава кој би можел да биде и дали воопшто ќе има некој“.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ заедно соработуваа од 30-ти јуни 2019 година кога хрватскиот стратег му се придружи во првата недела од Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…