Дома Фудбал Скандал: Името на Рибери се појави во документите за Епстин

Скандал: Името на Рибери се појави во документите за Епстин

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери (42) ќе поднесе тужба откако неговото име се појави во еден документ од досието на американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, пренесе францускиот „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Името на славниот фудбалер на Баерн Минхен, кој на 2010 година беше сослушан како сведок во Париз поради случај на подведување, беше наведено во документот од 2019 година, каде што делумно се заштитени идентитетите.

Џефри Епстин беше обвинет дека водел широка мрежа за сексуална експлоатација на малолетни девојчиња, а во август 2019 година изврши самоубиство во затворска ќелија.

Рибери (42) во соопштение преку својот адвокат ги осуди „лажните информации“ кои се шират за него на социјалните мрежи, кои „создаваат впечаток дека е поврзан со аферата Епстин“.

За време на својата фудбалска кариера, Рибери освои девет титули шампион на Германија со Баерн, заедно со трофеј во Лигата на шампионите во 2013 година.

За репрезентацијата на Франција има одиграно 81 натпревар, постигнувајќи 16 голови, а со националната селекција во 2006 година беше вицешампион на светот во Германија. (Бета)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ветеранот Обамејанг најде нов клуб, ќе игра во Шпанија!

Искусниот напаѓач од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, стои пред нова фаза во неговата импозан…