
Напаѓачот на Кристал Палас Жан-Филип Матета нема да се подложи на операција на коленото заради проблемот поради кој пропадна трансферот во Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Mенаџерот на “орлите” Оливер Гласнер откри дека по консултација со различни специјалисти, сите замешани страни го донеле оваа одлука. Така, 28-годишниот Французин ги задржува шансите да биде дел од составот на Дидие Дешан за Светското првенство.
“За среќа, не му е потребна операција. Повредата на коленото не е толку сериозна како што се плашевме. Мислењето на неколку специјалисти и лекари е дека можеме да се справиме подобро без операција. Тој ќе отсутствува извесно време. Не можам да кажам дали ќе бидат две, три или четири недели, но не му е потребна операција, што е позитивно. Очекуваме дека наскоро ќе се врати. Веќе е јасно дека ќе биде играч на Палас барем до летото. Тој сака да се врати што е можно поскоро и да придонесе за нашите цели. Тоа е неговиот спосеб на размислување и тоа е најдоброто што може да направи,” рече Гласнер.
Австриецот уште еднаш потврди дека неговата одлука да замине од клубот по крајот на сезоната е конечна и не подлежи на промена.
“Не можам да ја променам мојата одлука. Ветив на играчите и на управата дека ќе го дадам најдоброто од себе до последниот ден.