Дома Фудбал Останаа уште две кола во Лигата на шампионите:Ова се клубовите кои се елиминирани!

Останаа уште две кола во Лигата на шампионите:Ова се клубовите кои се елиминирани!

На четири тима им останува да одиграат два натпревара од ревијален карактер, односно да се обидат да ги заматат сметките на екипите кои се борат за нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Првото издание на новиот формат на Лигата на шампионите влегува во завршница, остануваат уште две кола, а веќе сега се познати неколку клубови кои испаднаа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од оваа сезона во Лигата на шампионите се натпреваруваат 36 клубови во лигашки формат, а тимовите што ќе завршат под 24. позиција дефинитивно го завршуваат своето европско патување, односно нема премин кон Лига Европа.

По шест одиграни кола, четири клуба дефинитивно ги завршија настапите во Лигата на шампионите. На РБ Лајпциг му се приклучија Болоња, Слован Братислава и Јанг Бојс.

Слован и Јанг Бојс покажаа дека дефинитивно залутале во елитното натпреварување, бидејќи по шест одиграни натпревари знаат само за порази.

Од Лигата на шампионите се прости и Болоња. Италијанците одиграа 0:0 на гостување кај Бенфика и така го освоија својот втор бод. Динамо на 24. позиција е за нив недостапен.

Порано од елитното натпреварување се прости и РБ Лајпциг, кој е најголемото разочарување бидејќи досега не успеа да освои ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…