Дома Фудбал Осимен во Торино не го славеше голот, беше „лут како рис“, а потоа застана пред камера и јавно го кажа своето мислење

Осимен во Торино не го славеше голот, беше „лут како рис“, а потоа застана пред камера и јавно го кажа своето мислење

Галатасарај се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите иако синоќа беше поразен од Јувентус со 3:2 после продолженија во Торино, но на крајот турскиот великан славеше во двомечот со вкупен резултат 7:5. Јунакот беше по кој знае кој пат Виктор Осимен, но она што Нигериецот го направи за време и по натпреварот е главна тема во фудбалската јавност.

Галатасарај направи големо изненадување со пласманот понатаму, но главната тема е токму Осимен поради она што се случуваше за време на продолженијата, но и по завршувањето на натпреварот на „Алијанц“ стадионот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Најпрво многумина им беше нејасно зошто Осимен воопшто не го прослави голот за 3:1 и изгледаше многу лут и разочаран.

Но, нигерискиот напаѓач застана пред камера по завршувањето на мечот и за CBS Sports објасни зошто немаше славење по голот за 3:1 што ја прекина синоќешната средба во корист на Галата.

„Ослободени сме што се пласиравме понатаму, но морам да бидам искрен и да признам дека сум разочаран од настапот на екипата, на целата екипа. Мораме да му оддадеме признание на Јувентус за ваквата игра. Се пласиравме понатаму, но вакви работи не смеат да ни се случуваат. Играта денес воопшто не беше добра и Јувентус заслужуваше да победи, но среќен сум што се пласиравме понатаму“, рече Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шоу на „Бернабеу“: Винисиус танцуваше на корнер-знамето (Видео)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, повторно беше во центарот на вниманието откако п…