Дома Фудбал Операцијата на Белингам беше успешна, но ќе отсуствува околу три месеца

Операцијата на Белингам беше успешна, но ќе отсуствува околу три месеца

Од Реал Мадрид официјално објавија дека предвидената операција на левото рамо на играчот од средниот ред на тимот, Џуд Белингам, која се изврши денес во Лондон, беше успешна.

Иако од клубот не дадоа информации за тоа колку долго ќе трае опоравувањето на англискиот репрезентативец, локалните медиуми се категорични дека станува збор за период од околу три месеца.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Се очекува Белингам да се врати на теренот дури на почетокот на октомври, при што ќе пропушти најмалку 6-7 натпревари во првенството, како и стартот на Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

До денешната интервенција дојде откако во текот на 20 месеци офанзивниот фудбалер беше мачен од болки поради исчашување на левото рамо, поради што постојано играше со голема преврстка, но секогаш ја одлагаше операцијата поради долгото време за опоравување. Така, околу 100 натпревари по повредата добиена на 5 ноември 2023 година, Белингам конечно го реши својот долготраен здравствен проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…