Дома Фудбал Омерагиќ: Посебно нѐ радува поддршката од УЕФА и Чеферин

Омерагиќ: Посебно нѐ радува поддршката од УЕФА и Чеферин

Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу. 

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


“Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. 

Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. 

Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн. 

Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, изјави Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eмотивно се збогуваше: И Тадиќ наредната сезона ќе игра во друг клуб

На својот Инстаграм профил, Душан Тадиќ објави емотивна порака со која се збогуваше од нав…