Дома Фудбал Омерагиќ му одговори на Ангеловски: Јогуртот во маркет има подолг рок од неговите клупски ангажмани!

Омерагиќ му одговори на Ангеловски: Јогуртот во маркет има подолг рок од неговите клупски ангажмани!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, со остар тон одговори на јавните обвинувања на Игор Ангеловски, кој жестоко ја критикуваше „куќата на фудбалот“ по изборот на новиот селектор на сениорската репрезентација.

ФФМ се одлучи за Гоце Седлоски како нов шеф на стручниот штаб, одлука која наиде на силна реакција од Ангеловски и отвори бројни дискусии во јавноста. Омерагиќ истакна дека на денот на промоцијата целта била да се испрати позитивна и обединувачка порака, а не да се создава раздор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имавме коректна и достоинствена презентација со јасна порака за заедништво. Во спортот е нормално да има повеќе кандидати, но на крај се избира еден. Наместо поддршка, добивме напад. Очигледно е дека тука личните амбиции беа ставени пред интересот на репрезентацијата. Јас немам лични интереси, работам без надомест и крајно некоректно беше веднаш јавно да се реагира“, изјави Омерагиќ.

Првиот човек на ФФМ не штедеше зборови, посочувајќи дека Ангеловски можел да покаже повеќе трпение и професионализам, а воедно му порача да се посвети на унапредување на својата тренерска кариера, алудирајќи на кратките ангажмани кои ги имал во последниот период.

„Не сакам некој да стане ‘ѕвезда на месецот’ преку навреди. Тоа што не нарече стаорци, зборува повеќе за него. Ние знаеме кои сме и што работиме. Лично двапати разговарав со него и му посочив дека е сериозен кандидат. На крајот се решивме за Седлоски и нова енергија. Тој ни кажа дека ќе ја поддржи одлуката, па затоа оваа реакција е изненадувачка“, додаде Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал јавно призна зошто не може да има девојка и сите ги изненади со одговорот

Ѕвездата на Барселона Ламин Јамал откри на YouTube зошто не може да има девојка. Причината…