Дома Фудбал Омерагиќ: Посебно нѐ радува поддршката од УЕФА и Чеферин

Омерагиќ: Посебно нѐ радува поддршката од УЕФА и Чеферин

Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. 

Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. 

Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн. 

Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, изјави Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канте се враќа во Европа

Н’Голо Канте може да ја продолжи кариерата во Франција, откако интерес за него покаж…