Дома Фудбал Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Пандев ќе биде спортски директор на националните селекции

Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Пандев ќе биде спортски директор на националните селекции

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го доби новиот претседател. На вонредното Собрание на ФФМ, по приемот на оставката на Муамед Сејдини, делегатите едногласно го избраа Масар Омерагиќ за нов водич на македонскиот фудбал.

По шест години лидерство на Муамед Сејдини, ФФМ преминува во нова фаза под раководство на Масар Омерагиќ, искусен фудбалски професионалец со долгогодишно искуство и длабоко познавање на фудбалската сцена.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Омерагиќ се обврза да ги унапреди фудбалските активности во земјата и да ги зајакне националните тимови, создавајќи услови за нови достигнувања на македонскиот фудбал.

По предлог на новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции е назначена македонската фудбалска легенда, Горан Пандев.

Исто така, двајца фудбалски великанa, Илија Најдоски и Агим Ибраими, поранешни репрезентативци на Македонија, се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука за Лука Модриќ

Чаби Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид во наредните денови откако го напушти Баер Леверкузе…