Дома Фудбал Олмо ја избра следната дестинација доколку Барселона да не го регистрира

Олмо ја избра следната дестинација доколку Барселона да не го регистрира

Барселона нема многу време. Часовникот отчукува, а Дани Олмо сè уште не е регистриран. Поради тоа, шпанскиот фудбалер не остава ништо на случајноста и веќе ја има одбрано следната дестинација.

Олмо летово пристигна во Барселона со трансфер вреден 55 милиони евра, но беше регистриран само за првиот дел од сезоната бидејќи Каталонците не ги исполнија условите поврзани со вкупниот клубски лимит за плати.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барселона поднесе жалба, но судот ја одби жалбата што значи дека Олмо нема да може да игра за каталонскиот гигант од 1 јануари, односно каталонската гордост има рок до 31 декември да го регистрира.

Според новинарот на порталот „ТБР Фудбал“, Греем Бејли, Олмо веќе ги информирал клубовите за својата состојба и каде би сакал да ја продолжи кариерата.

Фудбалерот дефинитивно не сака да си оди од Барселона бидејќи пристигнал пред само половина година, но ако не може да биде пријавен, тогаш заминувањето е единствената опција.

За првиот дел од сезоната, одличниот играч беше регистриран благодарение на повредите на некои играчи па остана празнина, а во неговиот договор има клаузула според која може да замине како слободен играч ако Каталонците не го регистрираат.

Според тврдењата на Бејли, клубови како Арсенал, Ливерпул, Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се информирани за целата ситуација и ги покажале своите интереси за трансфер. Според одредени информации, ако заминува од Барселона, Олмо би сакал да најде ангажман во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миловановиќ се врати во редовите на Тиквеш

Тиквеш официјално објави дека во своите редови го враќа 26-годишниот Даниел Миловановиќ, к…