Дома Фудбал Олмо може да игра за Барселона само до крајот на 2024: Каталонците испратија молба!

Олмо може да игра за Барселона само до крајот на 2024: Каталонците испратија молба!

Дани Олмо може да игра за Барселона само до 1 јануари: Каталонците денес испратиле молба до Ла Лига да му ја продолжи регистрацијата

Олмо е регистриран до 1 јануари за натпреварите во Ла Лига, а како што стојат работите сега, од почетокот на 2025 година нема да може да игра за Барселона поради тоа што каталонскиот клуб ги прекршил правилата на финансискиот фер-плеј.

Поради тоа, денес во судот во Барселона се сретнале челниците на каталонскиот клуб и Игнасио Фернандез де Сенеспледа, судија на Ла Лига. Сенеспледа ќе ја донесе конечната одлука на 27 декември, јавуваат шпанските медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Барселона се уверени дека Олмо и натаму ќе игра за Барселона бидејќи истиот судија во сличен случај му дозволи на Гави да игра за Барса.

Да потсетиме, тогаш Барселона се повика на тоа дека на Гави мора да му се овозможи едно од основните човекови права, а тоа е правото на работа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…