Познатиот француски фудбалер Оливие Жиру беше мета на една од најтешките грабежи што ги погодија спортистите последниве години, а сето тоа се случи во неговата вила во Лос Анџелес.
Жиру минатата година се пресели во Соединетите Американски Држави и го носи дресот на Лос Анџелес. Французинот пристигна тука по успешните години во Милан, Челси и Арсенал.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Но, пред околу десетина дена Жиру беше на мета на крадци и остана без сериозен имот. Детали дури сега излегоа во јавноста, а ТМЗ Спорт известува дека светскиот шампион останал без имот вреден дури половина милион евра.
Сето тоа крадците го изнеле од неговата вила. Крадеците го разбиле прозорецот на неговата куќа на 5 февруари, додека никој од семејството не бил присутен, и одзеле имот вреден половина милион евра, од кои најмногу накит.
Полицијата веднаш започна истрага, но досега никој не е уапсен. Ова е продолжение на серијата грабежи на познати спортисти ширум САД, на што властите сè повеќе укажуваат последно време, но грабежот на Жиру дефинитивно е една од најтешките.
.Olivier Giroud loses $500k in jewellery after a burglary at his LA home 😲 pic.twitter.com/gX9JPSvAch
— Mail Sport (@MailSport) February 18, 2025