Дома Фудбал Легендарниот Оливер Кан го купува гигантот кој беше ифрлен во четврта лига?

Легендарниот Оливер Кан го купува гигантот кој беше ифрлен во четврта лига?

Легендарниот германски голман Оливер Кан потврди дека започнал разговори со францускиот Бордо околу можната куповина на акции од овој француски гигант во пад.

Како што објави порталот Sud Ouest, Оливер Кан е во контакт со претседателот на Жиронденците, Жерард Лопез, и би можел да ја преземе улогата на еден од сопствениците на клубот, заедно со поранешниот претседател на Марсеј Жак-Анри Ејрод.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


“Разговорите за можниот влез во Бордо се само на почеток. Во овој момент нема што повеќе да се каже”, потврди Кан за Bild.

Кан е без ангажман од април 2023 година по заминувањето од минхенскиот Бајерн кога доби отказ на позицијата генералниот директор, а неговиот влез во Бордо сигурно би бил големо изненадување со оглед на тоа што францускиот гигант по банкротот се натпреварува во четвртата лига која е аматерска.

Инаку, Жиронденците се на четвртото место во Championnat National 2 со 11 бодови заостанување зад лидерот Саинт-Мало, но и со два натпревара помалку, додека само првото место гарантира промоција во повисока ранг лига.

Кан како голман на Бајерн освои осум титули првак на Германија, а во овој клуб собра 429 настапи во периодот од 1994-2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…