Дома Останати Тенис Огромен напредок: Ѓорческа скокна за 73 позиции на ВТА-листата

Огромен напредок: Ѓорческа скокна за 73 позиции на ВТА-листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно се враќа во фокусот на светскиот тенис со значителен напредок на ВТА ранг-листата. На најновото рангирање објавено денеска, таа се искачи за дури 73 места и моментално ја зазема 282. позиција.

Овој скок се должи на одличните настапи во Куршумлијска Бања, каде што на два последователни турнири стигна до финалето и освои вкупно 72 бодови.

Благодарение на тие резултати, Ѓорческа се врати на рангирање блиску до тоа со кое ја започна сезоната, кога беше на 281. место, но сега со многу подобра форма и мотив да напредува уште повеќе.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…