Дома Останати Тенис Огромен напредок: Ѓорческа скокна за 73 позиции на ВТА-листата

Огромен напредок: Ѓорческа скокна за 73 позиции на ВТА-листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно се враќа во фокусот на светскиот тенис со значителен напредок на ВТА ранг-листата. На најновото рангирање објавено денеска, таа се искачи за дури 73 места и моментално ја зазема 282. позиција.

Овој скок се должи на одличните настапи во Куршумлијска Бања, каде што на два последователни турнири стигна до финалето и освои вкупно 72 бодови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Благодарение на тие резултати, Ѓорческа се врати на рангирање блиску до тоа со кое ја започна сезоната, кога беше на 281. место, но сега со многу подобра форма и мотив да напредува уште повеќе.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Додека Синер плачеше од болка, Алкараз направи потег за кој зборува цела планета (Видео)

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на мастерс турнирот во Синсинати. Алкараз до тит…