
Четворица мажи го ограбиле домот на дефанзивецот на Интер Алесандро Бастони за време на победата на тимот со 2:1 во Лигата на шампионите против Кајрат, соопшти “Газета дело Спорт”. Италијанскиот репрезентативец го помина натпреварот на клупата за резерви.
Според информациите, од кога влегле во домот на фудбалерот, крадците веднаш се упатиле кон гардеробната соба, од каде што украле дизајнерски чанти и два швајцарски часовника “Ролекс”.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Крадците ја напуштиле куќата неколку минути подоцна. И покрај уклучениот аларм, обезбедувањето и локалната полиција не успеале да стигнат на местото навреме и да ги фатат крадците.
Домот на Бастони бил празен за време на кражбата.