Дома Фудбал Официјално: Кварацхелија потпиша за ПСЖ

Официјално: Кварацхелија потпиша за ПСЖ

Грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија е нов играч на францускиот шампион ПСЖ.

Тоа што се шпекулираше со денови, денес доби потврда. Одличниот Грузиец Квича Кварацхелија го напушти Наполи и ја продолжува својата кариера во ПСЖ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Францускиот шампион одамна постигна договор со 23-годишниот офанзивец, денес беше договорено сè и со Наполи и Кварацхелија го облекува дресот на „Светците“.

Трансферот е вреден 70 милиони евра, а грузискиот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ.

Квича Кварацхелија стана член на Наполи летото 2022 година. Дојде од тимот Динамо Батуми за 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За затвор: Вака не се игра фудбал! Директен црвен картон на натпревар од Лига на шампиони (ВИДЕО)

Барселона го совлада Олимпијакос со резултат 6:1 во првиот натпревар од третото коло на Ли…