Дома Фудбал Официјално: Познато на кој стадион ќе игра Македонија против Данска

Официјално: Познато на кој стадион ќе игра Македонија против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија конечно го дозна местото на кое ќе го одигра најважниот натпревар во баражот за пласман на Мундијалот. Нашите избраници ќе гостуваат во Копенхаген, каде што на легендарниот „Паркен“ ќе го одмеруваат силите со селекцијата на Данска во полуфиналниот дуел.

Од Данската фудбалска федерација веќе пристигнаа и првите детали околу влезниците. Продажбата ќе започне во февруари, а интересот кај домашните навивачи е огромен, што и не е изненадување со оглед на тежината и значењето на натпреварот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Полуфиналето ќе се одигра на 26 март во стандардниот вечерен термин од 20:45 часот. Доколку Македонија успее да избори место во финалето, пет дена подоцна ќе ја чека нов предизвик – пресметка против подобриот од дуелот меѓу Ирска и Чешка, повторно во исто време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал со голема вест: Мадридските навивачи изненадени, големата ѕвезда внесе немир

Реал Мадрид одигра 2:2 на гостувањето кај Елче во 13. коло од Ла Лига. Сега имаат само еде…