Дома Фудбал Oфицијално: Модриќ сe збогуваше со Реал Мадрид!

Oфицијално: Модриќ сe збогуваше со Реал Мадрид!

Лука Модриќ денес официјално потврди дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид.

Хрватскиот играч од средниот ред, кој во септември ќе наполни 40 години, реши да стави крај на своето тринаесетгодишно патување во најтрофејниот европски клуб, период во кој успеа да оствари нешта кои можеби на почетокот од својата кариера и не ги замислувал.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Со Реал Мадрид освои дури шест пехари од Лигата на шампионите, четири пати ја освои титулата во Примера, двапати триумфираше во Купот на кралот, петпати во Суперкупот на Шпанија, исто толку титули во Суперкупот на УЕФА, потоа Интерконтиненталниот куп, a во 2018 година беше прогласен за најдобар играч во Европа и светот…

Одлуката за заминување од Реал ја објави денес на својот Инстаграм профил, а во продолжение е пренесуваме:

”Драги навивачи на Реал Мадрид. Дојде време. Момент кој не сакав да дојде, но тоа е фудбалот, а во животот сè има свој почеток и крај… В сабота ќе го одиграм последниот натпревар на Сантијаго Бернабеу. Пристигнав во 2012 година со надеж дека ќе го облечам дресот на најдобриот тим во светот и амбиција да постигнам големи работи, но не можев ни да замислам што ќе следи. Играњето за Реал Мадрид ми го промени животот како фудбалер и како човек.

Горд сум што бев дел од една од најуспешните епохи на најдобриот клуб во историјата. Искрено сакам да му се заблагодарам на клубот, посебно на претседателот Флорентино Перез, на сите соиграчи, тренери и на сите кои ми помогнаа во ова време. Во изминативе години доживеав неверојатни моменти, наизглед невозможни враќања, финалиња, прослави и магични ноќи на Бернабеу…

Освоивме сè и бев многу среќен. Многу, многу среќен. Но, покрај титулите и победите, во своето срце ја носам љубовта на сите навивачи на Реал Мадрид. Навистина не знам како да ја објаснам посебната врска која ја имам со сите вас и колку се чувствував поддржан, почитуван и сакан. Никогаш нема да го заборавам секое навивање и сите љубезни гестови кои ми ги покажавте.

Заминам со полно срце. Со гордост, благодарност и незаборавни спомени. И иако по Светското клупско првенство нема да го носам овој дрес на теренот, секогаш ќе бидам навивач на Реал Мадрид. Пак ќе се видиме. Реал Мадрид секогаш ќе биде мојот дом. Засекогаш”, порача Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ добил две примамливи понуди – каде ќе ја продолжи кариерата?

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ официјално потврди дека на крајот на сезоната ќе с…