Дома Фудбал Oфицијално Манчестер Сити потврди уште едно засилување – веќе потроши над 150 милиони евра!

Oфицијално Манчестер Сити потврди уште едно засилување – веќе потроши над 150 милиони евра!

Манчестер Сити го најави новото засилување ова лето, а тоа е – Тијани Рејндерс!

Клубот на својата веб-страница го потврди трансферот од Милан, но не ги откри официјалните финансиски детали, иако тие се познати. За трансферот на холандскиот репрезентативец, Сити плати 70 милиони евра, а договорот е валиден до летото 2029 година.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што ќе бидам дел од екипата на Пеп Гвардиола, чија работа ја следам со години, уште од времето на неговата Барселона со Меси. Со нетрпение очекувам да започнам да работам со него и сигурен сум дека ќе ме направи уште подобар играч во средината на теренот“, рече Холанѓанецот.

Претходно, Сити го претстави Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, додека од Челзи пристигна голманот Маркус Бетинели, кој ќе биде трета опција зад Едерсон и Стефан Ортега.

Нури пристигна за околу 45 милиони евра, Шерки од Лион за 36+6 преку бонуси, што значи дека Сити потроши околу 150 милиони евра на летните засилувања.

Важно е да се нагласи дека Пеп ќе може да смета на сите играчи за Светското клупско првенство во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митровски се пресели во Словенија: Олимпија ќе плати еден милион евра

Словенечкиот фудбалски прволигаш Олимпија Љубљана летово направи историски чекор на трансф…