Дома Фудбал Oфицијално: Манчестер Сити има нов голман!

Oфицијално: Манчестер Сити има нов голман!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити вечерва и официјално го објави трансферот на голманот Џејмс Трафорд.

Тој пристигнува од Барнли, а Сити за него исплатил 35.000.000 евра плус дополнителни бонуси, што го прави најскапиот британски трансфер кога станува збор за домашни голмани.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Трафорд е производ на клубот, но неговата кариера го однесе на позајмици во Акраингтон, Болтон и Барнли, каде што блесна и го внесе клубот во Премиер лигата.

Сити ја активира повратната клаузула и го врати на „Етихад”, доделувајќи му го дресот со број 1.

Сега се очекува заминување на Стефан Ортега, бидејќи Пеп планира за местото на прв голман да се натпреваруваат ветеранот Едерсон и новодојденецот Трафорд.

Трафорд има само 22 години, и е буквално на почетокот на својата голманска кариера.

Тој е петтото засилување на Сити ова лето, откако претходно пристигнаа Тиџани Рејндерс, Рајан Шерки и Рајан Аит-Нури, како и искусниот голман Маркус Бетинели, кој прифати да ја преземе улогата на Скот Карсон како третиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијаз емотивно се прости од Ливерпул: Сите ќе ве носам во срцето, но еден посебно

Луис Дијаз од денеска е официјално нов играч на Баерн Минхен и преку неговиот официјален И…