
Џенаро Гатузо повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Италија, по конечното решение за неговото заминување.
Фудбалската федерација на Италија го потврди раскинувањето на соработката со Гатузо, што беше неизбежно по елиминацијата од Босна и Херцеговина во баражот за Светското првенство, со што Италија остана без пласман на третиот мундијал по ред.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Гатузо ја презеде селекторската функција во јуни минатата година, наследувајќи го Лучано Спалети, но не успеа да го исполни главниот цел. Во текот на својата тренерска кариера, некогашниот италијански репрезентативец ги водеше Милан, Наполи, Валенсија, како и Хајдук од Сплит.
Во текот на вчерашниот ден оставки си поднесоа и легендарниот Џанлуиџи Буфон, како и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.