
Добро познатиот италијански стратег, Филипо Инзаги, е новиот тренер на Палермо!
Инзаги, кој има 51 година, само пред четири дена замина од Пиза, каде што успеа да го доведе клубот до Серија А во сезоната 2024/25.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според италијанските медиуми, Палермо платиле отштета од еден милион евра на Пиза за Инзаги, при што тој потпиша долгорочен договор.
Палермо се под сопствеништво на “Сити групацијата”, и во сезоната 2024/25 го завзема осмото место во Серија Б.
Гледано на кариерата на Инзаги, тој до сега ги предводел Милан, Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша, Реџина, Салернитана и Пиза.
Добредојдовте во розово-црно мистер Инзаги 🩷🖤#WelcomePippo pic.twitter.com/SGvNAELVIA
— Palermo F.C. (@Palermofficial) June 17, 2025